Со финансиска поддршка на Светска банка започнавме со активности за реализација на Проектот за забрзување на транспортот и трговијата на Западен Балкан чија цел е забрзана интеграција во ЕУ имплементацијата, а четири милиони долари се наменети за  развој и имплементација на  Национален едношалтерски систем, рече директорот на Царинската управа, Стефан Богоев на настанот за промоција на проектот за едношалтерски систем..

-Во 2023 година, вкупниот обем на  трговската размена е 17,8 милијади евра, или во превод над 1,5 милиони декларации кои ги го обработила Царинската управа, тоа значи дека над еден милион камиони со стока влегле и излегле од државава. Исто така секој увоз и секој извоз се одвива врз основа на претходна дозвола која се издава преку EXIM системот, а секој секој влез и излез е контролиран од околу 700 царински службеници кои истовремено треба  да овозможат побрз проток на легалната трговија, но истовремено да го спречат секој шверц и обид нелегална трговија, појасни Богоев.

Токму затоа, според него новиот едношалтерски систем е целосно нов систем, а кој ќе го замени досегашниот EXIM систем, и ќе овозможо забрзан економски раст и развој на државата.

-Главните придобивки на Националниот едношалтерски систем се издавање дозволи за увоз, извоз и транзит „под еден покрив“, целосна дигитализација на процесите на плаќања, анализа на ризик за сите институции кои издаваат дозволи, размена на податоците со системот на Србија и Албанија, а понатаму и со останатите земји, како и унапредување на статистичките податоци и зголемување на транспарентноста, појасни Богоев.

Според него ова значи дека ќе се скрати времето и трошоците за бизнис заедницата, тоа ќе овозможи поголема конкурентнос, компаниите ќе прават повеќе профит и ќе плаќаат повеќе даноци, а на тој начин ќе може да вработуваат повеќе луѓе што е главната цел на Царинската управа.