Стефан Богоев демантира дека ја напуштил седницата на ИО на СДСМ, поради незадоволство. Откако попладнево неколку медиуми ја објавија веста дека тој со Оливер Спасовски и Дарко Каевски ја напуштиле седницата, тој преку социјалните мрежи демантира такво нешто.
-Ова не е точно воопшто!
Јас сум бил во СДСМ против режимот на ДПМНЕ кога беше најтешко, тука сум и сега, ќе останам и во иднина!
Барам Курир да го објави во целост овој демант!, напиша Богоев на социјалните мрежи.