Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, утрово имал телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, за патување во Босна и Херцеговина на граѓаните на Република Северна Македонија со лична карта.
-Со министерот Нешиќ разговаравме во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.
Во оваа прилика го истакнав значењето на градење мостови со пријателските земји, и оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, а истата пракса е веќе воспоставена и со, Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата.
МВР е подготвено да стори се’ што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Устав и со закон загарантирани права, порача Бојмацалиев преку социјалните мрежи.