Во украинската престолнина Киев, попладнево пристигнаа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами. Ова е првата заедничка посета на шефовите на дипломатијата на САД и Велика Британија во последниве неколку години.
Блинкен и Лами ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други високи функционери за да разговараат за одбраната на Украина од руската агресија и за долгорочниот воен, економски и демократски напредок на земјата.
„Се адаптиравме за да ѝ обезбедиме на Украина сè што ѝ е потребно за ефикасно да ја одбие руската агресија,“ изјави Блинкен за Скај Њуз пред заминувањето за Киев.