Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му рекол на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во телефонски разговор дека зголемените тензии на Блискиот Исток „не се во ничиј интерес“ и ја истакнал потребата од прекин на огнот во Газа, соопшти американскиот Стејт департмент
„Државниот секретар ја потврди силната посветеност на САД за безбедноста на Израел и објасни дека ескалацијата на тензиите не е во ничиј интерес“.
Блинкен ја нагласи „итна потреба од прекин на огнот во Газа“, што може да помогне во ослободувањето на заложниците кои се држат во енклавата и „да се создадат услови за да се обезбеди стабилност во поширокиот регион“.
Еден ден претходно, Галант разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток со својот американски колега Лојд Остин.