„Ние имаме јасна понуда која се занова на апсолутен и релативен износ во одредени сегменти и јасно кажувајќи го начинот на кој тоа ќе се направи, што сметам дека во економијата е важно да можеш среднорочно да планираш да имаш предвидливост. Тоа е првиот момент. Вториот момент  е што сите работи кои ги набројавте, влегуваат и не се чудни за една социјалдемократска  партија. Вредносно се ориентирани, тие се праведни, правични и солидарни.  Кажавте за компаниите кои исплаќаат минимална плата- 0% данок, не, тоа е за работниците кои добиваат минимална плата, каде данокот на личен приход е 0%, затоа што сметаме дека на тој начин ќе им дозволиме на стопанствениците поголема флексибилност со истите средства да ги искористат да ги зголемат платите. А знаеме дека едно од барањата на стопанствениците е намалување на придонесите,“ истакна  Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и коносител на листа на СДСМ во ИЕ 2, во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, зборувајќи за дел од програмата на СДСМ, каде меѓудругото се минимална плата од 600 евра, 0% данок на данок на личен доход за примателите на минимална плата итн.

Битиќи како трета работа ги посочи работите кои сега не можат да се видат, започнатите реформски работи, кои се во позадина, која е редовна активност на една влада и која ја прави да постигне одреден резултат во одреден временски период, но не краткорочно, туку на среден и долг рок.

„На пример, иницијативата за започнатиот интегриран финансиски менаџмент и информациски систем во државата,што ќе треба да стаби ред и во Министерството за финансии и и Управата за јавни приходи, и царината во однос на собираењето на приходите или т.н  менаџментот на државната помош, кои треба да придолнесат ефикасност и ефективност на на делување и управување на државната помош , кои граѓаните не можат да го видат. И во суштина реформата е подобрување на одредени процеси ние ги викаме бизнис процеси, за да на крајот крајниот резултат биде поприфатлив и за граѓаните и поприфатлив во однос на услугата.