Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има, извести градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска одговарајќи на објавата на претседателот на Советот на Град Скопје, Славески кој преку објава на социјалните мрежи напиша дека Арсовска е на потег во врска со случајот со приватните превозници.

„Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не.

Биди храбар Трајко“, му порача Арсовска на Славески во напишаното.

Славески пак претходно најави дека приватните превозници преку член на Советот на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги а дека предлогот е доставен до градоначалничката.