Излезните анкети од изборите во Франција даваат различни бројки до тој степен што не може со сигурност да се каже која партија освоила најмногу гласови, јави Би-Би-Си.
Француската телевизија му дава на Националниот сојуз помеѓу 120 и 160 седишта во парламентот, ако тоа е точно тогаш ова е изненадувачки пораз за РН, кој би бил трет.
Две други анкети, вклучително и на најголемиот француски приватен канал TF1 и од RTL/M6, покажуваат дека РН е на второто место. Друга проекција му дава на РН најголем број седишта.
Како и да е, она што е јасно е дека Франција оди кон парламент во кој ниту еден блок нема да има мнозинство. Сликата ќе стане појасна во следните неколку часа, наведува Би-Би-Си