„Веќе за нас не е предизвик Али Ахмети или ДУИ, победата над ДУИ. Промените се веќе реалност“.

Ова го изјави лидерот на БЕСА и актуелен градоначалник на Тетово, Биљал Касами од студиото на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“.

Касами кажа дека предизвик ќе биде реализација на ветувањата пред граѓаните.

„За нас е предизвик како да ги реализираме нашите ветувања, како да ги промениме работите, тоа што го ветивме и тоа што граѓаните го очекуваат од нас“, изјави Касами.

„Наредните неколку денови ќе го објавиме кандидатот за претседателските избори кој ќе биде заеднички на опозицијата“, рече Биљал Касами, лидерот на БЕСА во во „Клик Плус“ на ТВ21.

Касами кажа дека претседателските избори се историска шанса кандидатот Албанец да влезе во вториот круг.