Поради уличен дефект на улицата „Зулфер Мусиќ“ 45 во населбата Бутел вечерва од 20 часот прекинато водоснабдување имаат неколку улици.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ вечерва соопшти дека без вода ќе бидат улиците „Зулфер Мусиќ“,„ Марко Крале“, Дабница и „Лопушник“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.