Во Министерството за економија, Бесар Дурмиши денеска ја презеде функцијата министер за економија и труд.

Добредојде во министерството му посака државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ која му посака успех во извршувањето на функцијата министер за економија и труд.

Како што се наведува во соопштението, новиот министер порача дека ќе работи на подобрување на стандардот на граѓаните за подобар и простоен живот и на отворање на нови работни места со кои младите во татковината ќе имаат подобар и подостоинствен живот.

Дурмиши кажа дека ќе работи и на создавање на најприфатлива клима за развој и за инвестиции, олеснување на административните процедури, како и фер услови за инвестирање на странските инвеститори.

Бесар Дурмиши доаѓа од Општина Тетово, каде што досега ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Tетово.