САД ги повикуваат своите граѓани да го напуштат Либан и разместуваат повеќе воени сили на Блискиот Исток како превентивна и одбранбена мерка, изјави заменикот советник за национална безбедност на Белата куќа Џонатан Фајнер.
– Нашата цел е деескалација, наша цел е одвраќање, наша цел е заштита на Израел, изјави Фајнер за програмата „Face the Nation“ на Си-Би-Ес.
Напнатоста на Блискиот Исток се зголеми по убиството на политичкиот лидер на палестинската групација Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран. Ден претходно, висок командант на Хезболах, Фуад Шукр, беше убиен при израелски напад во Бејрут.