Кој ќе продолжи да го гради автопатот Кичево-Охрид, кинеската компанија Синокидро или можеби некоја друга, од Влада сè уште не соопштуваат. Договорот со Кинезите истекува на 31 декември, но автопатот е далеку од готов. Од Владата велат дека во тек е подготовка на експертски извештај, кој потоа треба да се достави и до Јавното претпријатие за државни патишта, Министерството за транспорт и врски и Владата, пренесува Алсат.мк
„Истиот ќе биде доставен на разгледување на седница на Владата по што ќе се одлучува за начинот на изградба на една од следните седници. Изградбата на автопатската делница Кичево-Охрид е приоритет и во таа насока се преземаат сите неопходни активности за негова доизградба“, велат од Владата.
Експертите велат дека е најважно негово итно завршување. Веќе со години, возењето по оваа патна делница е небезбедно.
Целата вест на Алсат.мк