Второ авионско третирање против комарци ќе се спроведе утре на територија на општина Кавадарци во временски период од 05:00 до 06:30 часот.
Градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев во објава на „Фејсбук“ соопшти дека за оваа цел е ангажирана фирмата „БОНИЕР“ ДООЕЛ од Куманово.
– Се известуваат сите граѓани и пчелари дека во периодот на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето, врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за друг ден, напиша Јанчев.
Ќе бидат опфатени течението на реката Луда Мара од селото Марена, градското подрачје, селото Ваташа се до браната Моклиште.