Градоначалничката Данела Арсовска вели дека годинава по јавен повик китењето на Град Скопје чини 30.000 евра, а претходните години чинело 300.000 евра. Како што вели таа не може да ги разбере критиките и нападите, особено од поранешниот градоначалник Петре Шилегов, за кој како што вели илјадници евра потрошил за украсување на Скопје кои завршиле, како што таа вели кај неговиот кум.
– Треба да разбереме една работа, ние славиме Божиќ на 7 јануари, секоја година се кити во исто време. Јас еве им ветувам на граѓаните догодина ќе почнеме од септември да китиме. Меѓутоа, во држава во која се се краде, му се цица крвта на народот, тоа не е тема, се товарат со хидроцентрали и тоа не е тема, туку елката на плоштад. Некој го боли оти утре нема да може да краде. За мене поважно е сите овие ранливи категории на кои им овозможуваме цела година да имаат топол оброк, да има каде да преспијат, купивме две возила кои со години не биле купени со кои се транспортираат лица со физички попречености.























