Полицијата во Чаир синоќа привела четири лица од Скопје, меѓу кои и малолетник.
Сè започнало околу 22:50, кога 24-годишните Бе.Р. и Б.Р. – физички го нападнале Б.С. од Скопје. Едниот од нив извадил и пиштол со намера да пука, но потоа сите си заминале од местото на настанот, соопшти МВР.
Кога полицијата ги пронашла, тие заедно со нивниот татко К.Р. и 14-годишниот брат физички ги нападнале полицајците. По ова, биле приведени.
Откако ќе заврши истрагата и ќе се соберат сите докази, ќе им бидат поднесени пријави./Макфакс