Апелациониот суд во Скопје ја преиначи првостепената пресуда од Основниот суд во Велес за случајот со прегазувањето и усмртување на малолетното девојче во центарот на Велес, кое се случи минатата година во декември, објави „360 степени“.

Казната за возачот Ангелче Николов од изречените 18 години, Апелација ја намали на осум години затвор. Казната за Николов е намалена за двете дела за кои тој се товареше – „тешки дела против безбедноста на луѓето“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

„Апелациониот суд ја преиначи првостепената пресуда од Основниот суд во Велес од осумнаесет на осум години затвор. Што се однесува до поднесување на жалба, тоа законски е невозможно, што значи дека оваа одлука на Апелација е финална и правосилна, одговорија од Апелација за „36 степени“.