Две третини од израелската јавност верува дека враќањето на заложниците е поважно од продолжувањето на војната во Газа, покажуваат резултатите од анкетата објавена од израелскиот Канал 12.
На анкетното прашање што е најважно во моментот, 67 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е враќањето на заложниците, наспроти 26 отсто кои се залагаат за продолжување на војната во Газа и 7 отсто кои рекле дека не знаат.
На прашањето зошто мислат дека војната сè уште не е завршена, 54 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е поради политички причини на премиерот Бенјамин Нетанјаху, 34 отсто одговориле дека е од оперативни причини, а 12 отсто не се сигурни.
Повеќе од две третини (68 отсто) од испитаниците изјавиле дека Израел е далеку од „вкупната победа“ ветена од Нетанјаху, во споредба со 23 отсто кои рекле дека Израел е блиску и 9 отсто не се сигурни.
Истовремено, 68 отсто од испитаниците сметаат дека перформансите на Нетанјаху во војната не се задоволителни, 28 отсто од нив го веруваат спротивното, а четири отсто не се сигурни, пишува Тајмс оф Израел.
Резултатите на министерот за одбрана Јоав Галант и началникот на Генералштабот Херц Халеви се далеку подобро оценети од премиерот, а 43 отсто од испитаниците сметаат дека постапките на Галант за време на војната биле добри, додека дури 46 отсто од нив го кажале истото за Халеви.
Речиси половина (43 отсто) од испитаниците рекле дека сакаат нови избори што е можно поскоро, 29 отсто кога ќе заврши војната, 23 отсто рекле дека изборите треба да се одржат по истекот на мандатот на сегашната коалиција во 2026 година, а само 5 отсто не се сигурни.
Според анкетата, лидерот на Националното единство Бени Ганц има најголема поддршка, а потоа следат Нетанјаху и лидерот на опозицијата Јаир Лапид.