„Поимот европски фронт е ПР стратегија на владата. Тоа не значи дека другите партии не се за ЕУ. Ние имаме многу малку политички фактори кои се против ЕУ. Од друга страна, ние како Достоинство баравме измена и дополнување на законот за бранители. Некако не наидуваме на разбирање. Поднесовме иницијатива до владата и најавивме доколку истата е отфрлена ке ја напуштиме владината коалиција. Но, бидејки оваа инцијатива не помина, поднесовме закон за измени и дополнување за законот за бранители. Тој е во собраниска процедура. ВМРО-ДПМНЕ даде целосна подршка. Очекувам Талат Џафери да го стави на дневен ред и се надевам дека и СДСМ ке дадат поддршка. Се работи за закон од еден член. Доколку СДСМ не покаже волја ке ја напуштиме оваа коалција.“ – вели за „Студио 10“ Стојанче Ангелов.