Востанието, поточно неговиот „Илинденски дел“, во двете засебни држави се слави на поинаков начин. Дури и само ова е доказ за компликациите во неговото толкување или разбирање предизвикани од политичките потреси што ги доживеавме во дваесеттиот век и опасното влијание на политиката врз историската наука, вели професорот Ангел Димитров, претставник на Бугарија, во македонско-бугарската историска комисија, а пренесува БГНЕС.

Димитров потоа додава:

Од бугарска гледна точка, а тоа е историски научна гледна точка, востанието нуди неколку многу симболични значења кои би можеле да се обединат како опсег на историски континуитет. Треба да го разликуваме начинот на кој моментално се гледа и се одразува во двете земји. Во оваа смисла, Илинденско-Преображенското востание е генетски поврзано со бугарската национална преродба и периодот на возобновување на бугарската државност. Бугарската преродба ги создаде фундаменталните обрасци и насоки за националната култура, политика и бугарскиот менталитет, кои го определија правецот на националниот развој по Берлинскиот конгрес. Нагласувам на Преродбата затоа што, иако малку изменет, овој преродбенски процес продолжува во неослободените бугарски земји и особено и најнагласен во Македонија. Во оваа ера се создаде духовен и политички амбиент во кој се формираше генерацијата која ја презеде ослободителната борба во Македонија и Тракија и која всушност го спроведе Илинденско-Преображенското востание, вели Димитров.

Целиот текст на БГНЕС.