Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е импресиониран од игрите на играчот од средниот ред Џуд Белингем оваа сезона.

 

Во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите синоќа против Наполи (2:3), Англичанецот постигна гол и асистенција. Фудбалерот од средниот ред има девет натпревари за Реал Мадрид оваа сезона, осум гола и три асистенции.

 

– Изненаден сум што има 20 години, изгледа 30 поради неговиот карактер и личност. Тој знае што треба да направи. Овој квалитет и оваа сила се разбира, малку ги изненадува сите, изјави Анчелоти, за „AS“.

 

Белингем дојде во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд. Трансферот чинеше 103 милиони евра.