Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска го осуди ообидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Пенсилванија.
– Целото Министерство за одбрана го осудува ова насилство кое нема апсолутно никакво место во нашата демократија, напиша Остин на социјалната мрежа Х.
Тој нагласува дека тоа не начин на кој се решеваат несогласувањата во Америка.
– Со олеснување ги добив извештаите дека поранешниот претседател Трамп е безбеден и се молам за неговото семејство и за сите оние кои се погодени од овој ужасен инцидент, додаде Остин.
Обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше извршен во денеска на предизборен митинг во Пенсилванија од страна на 20-годишниот Томас Метју Крукс. Трамп беше ранет во увото, но сега се чувствува добро, додека напаѓачот е убиен. Во нападот загина едно лице, а две се ранети.