Амбасдата на Шведска упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.
– Среќен Ден на независноста, Северна Македонија! 🇲🇰 Амбасадорката Ами Ларсон Џаин ја имаше честа да се приклучи на прославите организирани од Владата, вклучително и свечена церемонија во Филхармонијата и полагање венци на спомен-обележјата на првиот претседател Глигоров и претседателот Трајковски, објави на платформата Х, амбасадата на Шведска.