По објавата дека албанско семејство од Гостивар било малтретирано во Србија, бидејќи еден од патниците во автомобилот имал етнички симбол на маичка која ја носел, партијата Алтернатива изразува загриженост дека Србија е стана опасно место за секој Албанец кој патува низ оваа земја.
Во нивното соопштение се вели:
Осудувајќи го овој чин како сериозно нарушување на меѓудржавните односи и страшна албанофобија, Алтерватива бара официјална реакција од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Дали Северна Македонија презела или ќе преземе некакви чекори против на ова нарушување на меѓудржавните односи од страна на Србија кон Северна Македонија?
Во овој случај не можеме, а да не заклучиме дека ова албанофобично однесување на Србија против Албанците, овојпат граѓани на Северна Македонија, докажува дека ништо не се сменило во Белград од времето на Милошевиќ и дека сонот на Ковачевски и Али Ахмети за „Отворен Балкан“ Вучиќи ги подрива кога сака и како сака. Дополнително, индикативно е што овој чин се поклопува и со кампањата на Владата на Северна Македонија која е против етничките симболи Албанци, кои пред неколку дена се појавија на митинг во Тетово, се вели во соопштението од Алтернатива.