ФОТО: Илир Демири (десно) во друштво со актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити

Од Алијанса за Албанците испратија соопштение во кое се вели дека е побарано разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу, од оваа партија, бидејќи го кршеле етичкиот кодекс. Поточно, станува збор за нивната одлука да останат на страната на Таравари, претседател на партијата, за приклучување на албанската опозиција, односно Европскиот сојуз за промени на изборите, наместо со СДСМ и ДУИ.

Од тие причини на владина седница синоќа беа разрешени двајца директори од Алијанса за Албанците, а веројатно ќе следува и разрешување на двајца, од вкупно тројца министри од оваа партија, бидејќи министерот за правда Кренал Лога е против одлуката на Таравари.

Во соопштениет од Алијанса за Албанците се вели:

Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:

– За министер за здравство се предлага познатиот лекар г-дин Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.

– За министер за информатичко општество и администрација се предлага г-дин Наим Бајрами, магистер по политички науки.