Делегација на „Хамас“ се очекува денеска во Каиро да учествува на консултациите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа, јави катарската телевизија „Ал Џезира“.
Весникот „Џерусалим пост“ вчера објави дека израелската делегација на преговорите ја напуштила египетската престолнина откако поднела ажуриран предлог. Според израелското издание, проектот денеска ќе биде претставен пред палестинското исламистичко движење.
Се очекува утре во Каиро да се одржат нови разговори во обид да се преговара за прекин на огнот.