Скопје, 11 август 2024 (МИА) – Попладнево и вечерва во земјава се активни десет пожари. Во текот на денот три се ставени под контрола, а седум пожари се изгаснати. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека од овие десет активни пожари, осум се многу сериозни, и дека некои се повлекуваат со денови.
-Пожарот во Јасен не можеме да го ставиме под контрола, се уште се движи низ ловиштето, додека вториот крак се движи во насока на селото Белица иако силно се обидуваме да го стопираме пред самото село. Вториот пожар кој што избувна денеска попладне е пожарот над Пехчево и создаде голема паника кај граѓаните. За жал, таму изгоре и еден џип на локалната самоуправа. Тежок пожар за гаснење. Во овој момент сме многу слаби со воздухоплови и ќе треба повторно да се потпреме на правење на противпожарни пресеки. Во секој случај нас силен фокус ќе ни биде заштита на населените места околу овој пожар, конкретно селото Буковиќ и месноста наречена Ееленско платно, вели Ангелов.
Тежок пожар има и на територијата на Ресен, кој се спушта кон Стење, на тешко пристапен терен и постои опасност да влезе во шума. Се дејствува со доброволцио од Црвениот крст од Планинската спасителска служба, помогнати со лица од Националниот парк Галичица.
Активен пожар им и во Општина Новаци којшто зафаќа голема површина. Гори ниска вегетација. На територија на Кичево има два тешки пожари кои, како што вели Ангелов, создаваат паника меѓу населението.
-Првиот е кај селото Патеец, кој беснее од вчерашниот ден и минува низ борова, но и низ букова шума, рече Ангелов. Повторно се активирал и пожарот кај село Челопеци и се движи кон Бигор Доленци и гори мешана шума.
Околку селата Преше и Папрадишта, Општина Чашка, гори мешана шума, ниска вегетација и трева.
Осмиот пожар е на територијата на Македонски Брод кај селата Грешница и Слатина. Во Ресен е запалена градската депонија, а во Чучер Сандево гори ниска шума, околу селото Блац.