Владата ги споила двете концесии за рудникот кај струмичко Иловица. Според Одлуката што вчера излезе во Службен весник се спојува Концесијата за експлоатација на минерална суровина-злато и бакар с. Иловица во општина Босилово со концесијата за експлоатација на минерална суровина злато и бакар во општина Босилово и Ново Село, објави Телма.
Како што објави оваа телевизија, активистите се гневни и велат дека се потврдува нивната претпоставка дека ДУИ извршила притисок.
Активистите реагираа уште пред половина година кога излезе информацијата дека оваа компанија купила акции од концесионерот Еуромакс.
Станува збор за акции во вредност од 3 милиони американски долари, а договорени се дополнителни финансии од 10 милиони канадски долари за докупување до вкупно 25% од Еуромакс Ресурси под услов во наредните 2 години Еуромакс да добие дозвола за еколошката студија, да ги спои концесиите и конечно да добие дозвола за експлоатација.
Активистите порачуваат дека битката против рудникот допрва ќе се вжештува и дека ќе се организираат големи протести против отворање објекти од тешка индустрија над плодното струмичко поле.