„Мицкоски вчера изјави дека денеска е една година од предвремените парламентарни избори, нека се подготви добро за теренот“, изјави првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вечерва во Боговиње, јавува репортерот на ТВ21
Ахмети вели дека ја поддржува идејата во октомври следната година заедно со локалните избори да се одржат и парламентарните избори.
„Самиот Мицкоски вчера изјави дека на денешен ден за 1 година ќе бидеме на предвремени парламентарни и локални избори. Овде му се суди на Христијан Мицкоски, дали е човек кој си стои на зборот или само го кажа тоа за да ја исплаши македонската опозиција. Македонската опозиција мора да биде храбра затоа што немаат што да загубат, нека се подготват добро за теренот со ВМРО, ние на мегданското поле со сите оние кои не мислат како нас, и оние кои не мислат, мислат дека дека денес се отстранети како претставници на Албанците во институциите на државата“, изјави првиот човек на ДУИ Али Ахмети.
Понудата повторно да се соочат на предвремни парламентарни избори Мицкоски му ја упати на неговиот политички ривал Венко Филипче на вчерашната седница за пратенички прашања, како одговор на обвинувањата од лидерот на СДСМ дека ги лажеле гласачите дека никогаш нема да ја употребат придавката „северна“, а по изборите почнале да го користат новото уставно име на државата, при што го повика премиерот да го врати мандатот.