Али Ахмети од Собраниската говорница одговори на критиките на Антонио Милошоски.

„Кога вие, господине Милошоски сте биле роден, на 29 февруари 1976 година јас како гиманзијалец бев во ќелија, негиран, исмеван, ставен настрана од тие што владееја. Како млад не бев рамноправен со тие што учев, ми го негираа јазикот, а на моите родители им се негираше вработувањето во земјава, па мораа да одат во странство, Јас затоа зборувам како човек кој пател, бил торуриран од тогашниот систем. Кога било во Кичево подобро, кога бев под кирија или сега кога сме рамноправни. Го знам македонскиот јазик, градоначалникот е Албанец, а општината функционира одлично, затоа што заедно работат Албанците и Македонците и другите“, рече Ахмети директно обраќајќи му се на Милошоски како кичевчанец.