Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тврди дека ДУИ е нападната од сите страни. Тој вчера се одбрати на изборот на нов состав на партискиот огранок во Чаир, каде посочи дека партијата не може лесно да се уништи.
„Од ВМРО ДПМНЕ велат дека СДСМ не владее со државата, затоа што премиерот бил премиер на ДУИ, затоа што владее Артан Груби, владее Бујар Османи или Бугар Османи, како што рекоа. Ако се сеќавате, сè што се случи со случајот ‘Диво Насеље’, ‘Монструм’, случајот ‘Алфа’, страшни напади беа фрлени врз нас, иако воопшто не знаевме, туку целта беше да се оштетат организациските супстанци, основачите во оваа држава, бидејќи ДУИ е структура која не е родена во салони, не е родена на ТВ екрани, ДУИ се роди од фронт, се роди од ОНА, се роди од крвта, од потта, од сите оние луѓе што настрадаа во затворите што ги измивме со крв од Гевгелија до Јесениќ, така да залудно се обидите преку лаги, преку клевети, да го уништат ДУИ. Никогаш тоа нема да го доживеат, ниту да го видат, затоа што им ја сушиме плунката на усните“, рече Ахмети.
Ахмети порача дека ДУИ е клучот за функционирањето на државата и не се урива така лесно бидејќи ДУИ е родена од УЧК и од крвта на мачениците, а не во телевизиски студија.