Американската амбасадорка Анџела Агелер и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска Давкова на претседателските избори.

Таа преку налогот на X го оцени како историски изборот на првата жена претседател на Северна Македонија и нагласи дека САД продолжуват со поддршка на целосната евроинтеграција на земјава.

 

 

-Моите срдечни честитки до Гордана Сиљановска Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат целите за просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја, стои во пораката на Агелер.