Американската амбсадорка Аџенал Аегелер во гостувањето на емисијата „Стадион“ на Канал 77, уште еднаш повтори дека во Македонија има епидемија на корупција. Како што вели таа, не е целта САД да имаат црна листа, подобро би било да ја нема таа листа, односно да нема криминал и корупција, но во моментов, вели Агелер има уште многу кандидати за црна листа.
-Ние немаме улога на институции за прогон во земјава, но се надеваме дека податоците што ги собравме. Најголемиот дел од нив се собрани овде. Се надеваме дека ќе има луѓе од органите за прогонот и правосудството што ќе работат на тие случаи и ќе ги повикаат таквите лица на одговорност за нивните постапки, за нешто за што со докази сме покажале дека биле дел од организиран криминал, фунансиски криминал и корупција, изјави Агелер.
Последен кој се најде на црната листа на САД поради учество во корупција е поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев, за што се крена голема прашина. Анѓушев во писмена изјава порача дека не се согласува со одлуката на Стејт Департментот и дека ќе ги искористи сите свои можности да го докаже тоа.