Во изјавата од пред Кривичниот суд, адвокатот на Беким Незири, Еленко Миланов, кажа дека не е точно оти инцидентот се случил во контролната кула во М-НАВ, ниту дека биле нападнати контролори кои во моментот извршувале работни задачи. Вели и дека случајот се случил целосно зад грбот на Незири.
„Целата фама околу овој настан започна со една дезинфомација која постојано се повторува и на таа дезинформација се засноваат сите досегашни изјави и коментари како на стручната, така и на нестручната јавност, а тоа е дека што било се случило во контролната кула. Во овој настан ниту има нешто што се случило во контролната структура, ниту има нешто што се случува во близина на таа контролна кула, ниту, пак, со лице коешто во тој момент требало да извршува свои обврски во контролната кула. Тоа е првото и основно што ја направи оваа фама и разногласие“, изјави адвокатот на Незири денеска од пред Кривичниот суд.