Делото за кое се товарат осомничените за упадот во контролата на летање на скопскиот аеродромот е спорно за адвокатите на инволвираните во случајот. Обвинителството ги сомничи за „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ според Член 303 Став 2 во врска со Член 22 од Кривичниот законик, пренесува Телма.
Во ниту еден момент настанот не е во просторијата каде што се наоѓа контролата на летање и каде се комуницира со авиосообраќајот кој се одвива на македонското небо, од доказите кои ги имаме до овој момент, вели адвокатот на дел од осомничените Еленко Миланов.
Не само што ова кривично дело не може да опстане, туку и обвинителството воопшто не требало да ги сомничи за „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“, додава и адвокатот Асмир Алиспахиќ, кој исто така брани еден од осомничените.
Целата вест на Телма.






















