Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард во едно тв шоу изјави дека е најдобриот плејмејкер во НБА.

-Нема никој подобар од мене кога ќе стапнам на теренот. Тоа е мојата најголема сила, останувам верен на себе, изјави Лилард.

На прашањето од водителот дали мисли дека Кари е подобар играч од него, Лилард одговори:

„Доколку Стеф играше офанзивно како јас, каде што топката е повеќе во ваши раце, ќе кажев дека тој е покомплетен плејмејкер“.

Лилард е седумкратен учесник на НБА „Ол-стар“ натпреварите.