По втор пат оваа година, фејсбук страницата на Фудбалската федерација на Македонија е хакирана. Наместо веси и фотографии на македонските фудбалери, на оваа страница се појавуваат фотографии со полуголи Азијатки и чудни видеа. Коментарите се најразлични, дел од фановите останаа збунети, а дел сфатија дека станува збор за хакерски упад. Првиот пат на ФФМ и требаше подолго време да ја врати страницата, но сега еве повторно се хакирани.