Една од најдобрите опции за поддршка на агросекторот и воопшто Руралниот развој е програмата ИПАРД. Се работи за 80% финансиска поддршка од европски фонд и 20% средства од Буџетот на државата.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе соопшти кога ќе биде распишан првиот повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7. До крајот на годината според најавите на министерот Николовски и директорот на АФПЗРР Никица Бачовски – се очекува и Мерка 3.

„Веќе е проектиран 18 август како датум кога ќе биде распишан првиот повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7“, соопшти Николовски и истакна дека ИПАРД е нашата успешна приказна, нашиот најголем успех со кој сите треба да се гордееме.

„Како држава ние сме лидери во регионот со најголема искоритеност на ИПАРД 2 програмата од 98%, со склучени 2.369 договори и со нула евра поврат на средства од ИПАРД 2 програмата.

За голема почит е тоа што од овие 2.369 договори, дури 859 се млади земјоделци, чии инвестиции во земјоделството изнесуваат 9 милиони евра. Ова е потврда дека државата се грижи за младите и дава фер шанса. Дека младите сакаат да инвестираат и да ја градат својата иднина овде, дома во својата држава. Потврда исто така и дека мерките на министерството за поддршка на младите земјоделци дава резултат“, посочи Николовски.

Овие средства од ИПАРД програмата значат:

-нови илјадници инвестиции;

-нови вработувања и зголемено производство;

-поголем рурален туризам и зголемена домашна економија;

-неповратни средства, од кои дел од годинава ќе бидат исплатени и авансно;

-Максимална вредност на инвестиција која за разлика од другите програми за рурален развој е прилично висока (1 милион евра па и повеќе во некои мерки, можност за инвестиции).

Сите мерки ги имаат основните услови за аплицирање, само инвестиците се различни и висината на максималната поддршка која е грант.

Според консутантите од „Агротим“, Билјана Џима и Горан Миланов, најголем интерес има за Мерка 7, која опфаќа Рурален туризам и бизниси кои се водат како услуги на рурално население.

Со Мерка 1 се опфатени инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства (земјоделска механизација, изградба, системи за наводнување, садници, опремување на фарми), а со Мерка 3  инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и на рибните производи (откупни центри, изградба и опремување производствени капацитети за преработка на овошје и зеленчук, млеко, месо и сл.).

Преку Мерка 7, може да се аплицира за реконструкција или изградба на ресторани, бунгалови, хотели, потоа домови за стари лица, спортски објекти, СПА центри, козметички и фризерски салони. Што се однесува за бизниси, услуги на рурално население тука спаѓаат механичарски, столарски работилници и многу други можности да се набави нова машина или технологија за модернизирање на производството – вели Билјана Џима, консултантка од Агротим.

Taa истакна дека ИПАРД е одлична можност за сите потенцијални инвеститори бидејќи можат да добијат поврат на средствата кои планираат да ги инвестираат за развој на својата дејност, во висина од околу 60% кои (во зависност од секторот во кој аплицираат). Висината на грантот што може да се добие преку Мерка 7 е 60% од вкупната инвестиција. Новина со ИПАРД 3 е можноста да се добие 30-50% од потребните средства, авансно, по потпишување на договорот со Платежната агенција.

За апликантите е најважно да имаат добра идеја и да ангажираат професионалци за изработка на апликациите. Тоа може да бидат советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој или да се искористат знаењата и вештините на консултантите кои веќе имаат искуство и значително ќе го олеснат процесот и ќе ја зголемат можноста да се добие неповратната поддршка од државата.

„Голд Ланд“ – проект

-Апликациите за ИПАРД не се едноставни затоа што треба да се исполнат строгите критериуми кои што ги пропишува програмата, особено е потребна соработка со институциите од каде треба да се добијат потребните документи. Како консултантска фирма можам да кажам дека имаме одлична сороботка со сите институции, им помагаме на апликантите и во тој процес и на тој начин заеднички се обидуваме да добиеме што е можно повеќе средства од ИПАРД – изјави Горан Миланов, консултант во Агротим.

Искуството со ИПАРД 2 и лидерската позиција во регионот по искористеност на средствата е одличен старт за ИПАРД 3 и нивно максимално искористување за развој на агрокомплексот и руралниот развој. Ова е особено важно во овој претпристапен период за влез во ЕУ затоа што ќе треба македонското производство да се прилагоди на европските стандарди, а производите да бидат конкуретни за европскиот пазар. Тоа е возможно само со модернизација на производството, следење на новите технологии, дигитализација на производството за повисок и поквалитетен принос. Сето ова го овозможува програмата ИПАРД.

Свечено преставување на новата инвестиција на Подгорка

 

Во нашата држава веќе имаме многу позитивни примери на искористување на средствата од ИПАРД програмата. Еден од нив е и сопственикот на „Подгорка“, Мевмед Џемајловски, кој ја претстави својата инвестиција како една од поголемите домашни инвестиции, вредна околу 7 милиони евра и кофинансирана со средства од ИПАРД програмата. Станува збор за компанија која што се занимава со производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди и која ќе обезбеди 80 работни места за македонските граѓани.

Започнување со изградба на „Голд ланд“

Уште еден пример за искористеност на средствата од ИПАРД програмата е „Голд Ланд“, сопственост на Арбен Абдурахмани и компанијата „Везешари“. Оваа инвестиција преку Мерка 1 е најголемата ИПАРД инвестиција. Се работи за објект за развој на гоење на говеда и на сточарството воопшто, бидејќи во голема мерка говедското месо го обезбедува со увоз. Значајно е дека со ваквите проекти се отвораат и нови работни места и ќе има конечно производство на говедско месо дома, на домашниот пазар.

Реализирана инвесстиција

Според нив најголемата предност од ИПАРД е тоа што преку оваа програма добиле значителна поддршка во вид на неповратни средства со кои ги оствариле нивните идеи.

ИПАРД фондовите се голема поддршка агробизнисот, нивните грантови се многу потребна неповратната финасиска поддршка што го намалува ризикот за инвеститорите и овозможува нови инвестиции, работни места и извоз.

Превземено од Агротим.мк