Медицинскиот техничар кој синоќа  беше нападнат со нож од пациент во болницата „8 Септември“ во Скопје е надвор од животна опасност, нема тешки повреди, туку само посекотина на градниот кош, но сепак доживеал голем стрес.

Станува збор за 77 годишен пациент кој досега во неколку наврати, поради срцева слабост, бил хоспитализиран во Градската општа Болница, но никогаш претходно не бил агресивен и немал дијагноза од психијатар, пренесува Телма.

Нападот се случил вчера околу 18 часот, неочекувано додека техничарот делел терапија, а подоцна било констатирано дека станува збор за акутно ментално растројство кое не може да се предвиди.

Превземено од Телма.