Членот на Самоопределување и советник на косовскиот премиер Албин Курти, Беким Ќоку во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека не влегуваат во Влада со партии кои се против уставни промени.

На прашањето кои се црвените линии и главните цели на опозицијата на која е и тој член, Ќоку рече дека членството во ЕУ е главен приоритет и дека нема да бидат дел од Влада со партија која нема да се обврзе да се направат уставните промени со цел отпочнување на преговорите со ЕУ.