Елиф Елмас се сели од Наполи се сели во РБ Лајпциг, а од 1 јануари 2024 година и официјално ќе биде член на германскиот тим. 24-годишниот македонски фудбалер потпиша договор до јуни 2028 година и ќе го носи дресот со бројот 6. Како што соопштија од Лајпциг, македонскиот дијамант на новиот тим на тренинзите ќе му се приклучи на 2 јануари во тренинг кампот Ла Манга.