Утринава околу 5 часот во Врање се случила масовна тепачка во која учествувале шест лица.

Како што пренесуваат српските медиуми имало и пукање, а четири лица биле пренесени во болница.

Раководителката на Здравствениот дом во Врање, д-р Наташа Стоиљковиќ за „Телеграф“ потврдила дека еден од повредените е пуштен на домашно лекување, додека тројца се задржани со сериозни повреди, но вон животна опасност. Според неа, двајца од повредените имаат рани од куршум.

Според дел од медиумите, повредените се татко и неговиот 20-годишен син, а до тепачката неофицијално дошло по караница во локален ресторан.