Претседателот на Сирија, Башар ал Асад денеска го именува поранешниот министер за комуникации Мохамед Гази Џалали за мандатар на новата влада, по јулските парламентарни избори.

Џалили е под санкции на Европска Унија од октомври 2014 година поради неговата улога во судирите во Сирија, во кои од 2011 година загинаа речиси половина милион луѓе. ЕУ тврди дека Џалали бил „одговорен за режимски насилната репресија над цивилното население“.

Тој беше министер за комуникации речиси две години од 2014 година.

ЕУ првпат воведе санкции против Сирија во 2011 година, а ограничувањата се забрана за увоз на нафта од Сирија, за  вложување и ограничен извоз на опрема и технологија во Сирија, која би можела да се употреби за репресија над цивилното население.