Талат Џафери вели дека е против предлогот за црните листи да станат дел од македонскиот правен поредок, бидејќи тоа, според него, не е предвидено во Уставот и законите, а тие не се меѓународни документи па да се ратификуваат и да влезат во македонскиот правен поредок.

-Нема закон што ќе спречи корупција. Ни овде ни во светот. И тоа не е појава што е само за регионот. Некаде е институционализирана, некаде е во четири очи. Ветингот е прво внатре, совест, од личноста, лична карактеристика – да имате чувство за одговорност што смеете, а што не смеете да правите. Ние и како партија го предложивме. Може да седнеме со експерти да формулираме кои би биле техниките од дефиниција до спроведување, вели Талат Џафери во интервју за Слободен Печат.