Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ  во „Клик Плус“ на ТВ21 беше еден од соговорниците, заедно со Миле Талевски од СДСМ и Кастриот Реџепи од коалицијата ВРЕДИ.

Јанушев смета дека ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на изборите, и дека за два месеци СДСМ заминува во историјата.

„За два месеци СДСМ заминуваат во историја, барем оваа политичка гарнитура, и сега се обидуваат да го намалат поразот, и ја прифаќам таквата игра, тие се едноставно доведени во ситуација да немаат аргументи да ја водат политичката битка“, рече Јанушев.