Ѓубрето од скопските општини Аеродром и Кисела Вода синоќа беше собрано со помош на механизација од други гласови, по што беше однесено кон депонијата „Дрисла“.
Градоначалниците Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски се обидуваа да го убедат раководството на „Дрисла“ да го земе ѓубрето од скопските општини, но тоа не се случи.
Ѓорѓиевски и Муцунски кажаа дека мора да го истурат ѓубрето пред „Дрисла“ затоа што немаат друга опција.
– Бидејќи немаме друга опција, а чекаме повеќе од час и половина, нашите вработени ќе го остават ѓубрето пред „Дрисла“, кажа Ѓорѓиевски.