Хонг Конг издаде највисоко предупредување за бура – сигнал број 10 – додека тајфунот Вифа ги погоди јужните делови на територијата со силни ветрови и обилни дождови. Ветровите достигнаа брзина од над 167 километри на час, предизвикувајќи хаос во воздушниот и јавниот сообраќај.

Метеоролошката опсерваторија го зголеми нивото на тревога во 9:20 часот наутро и соопшти дека се очекува силното невреме да продолжи „некое време“. Вифа се движи на околу 50 километри јужно од градот, а урагански ветрови го погодуваат јужниот дел од Хонг Конг.

Поради опасните временски услови, авиокомпанијата Кетај Пацифик Ервејс ги откажа сите летови од и до Хонгконшкиот аеродром во периодот од 5 до 18 часот. Патниците добија можност бесплатно да ги променат своите резервации.

Покрај авионскиот сообраќај, во неделата беше суспендиран и поголемиот дел од јавниот превоз, вклучително и фериботските линии, поради високите морски бранови.

Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови и да не се приближуваат до прозорци, поради опасност од летачки предмети.

Текстот (Фото+видео) Тајфунот Вифа го парализира Хонг Конг – издадено највисоко предупредување, откажани над 200 летови е превземен од МАКФАКС.