Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) го објави новото рангирање на европските репрезентации во пресрет на последниот квалификациски прозорец за Евробаскет 2025 година.
Во пресрет на последната фаза од квалификациските натпревари за Евробаскет 2025 година, ФИБА ги стави кошаркарите на Србија пред Франција, Грција, Латвија, Турција, Германија, Литванија, Шпанија, Италија и Словенија.
Македонија, во конкуренција на 32 национални тимови се наоѓа на 27.позиција.
Македонија во последните две рунди ќе гостува во Естонија и ќе ја пречека Полска. На табелата Македонија има една победа и три порази. За да се пласира на ЕП, Македонија мора да ги добие двата натпревари, а Естонија да доживее два порази плус евентуалната победа над Естонија мора да биде со повеќе од пет поени.
„Ситуацијата не е ветувачка за Македонија, бидејќи и Естонија и Литванија се далеку пред нив на табелата, а исто така имаат и две победи повеќе од нив во поредокот. Но, тимот со Ти Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ сè уште не може да биде отпишан.“, стои во коментарот на официјалната страница на ФИБА Европа..
Текстот ФИБА Европа: Немојте да го отпишувате тимот со Димитријевиќ и Шортс е превземен од МАКФАКС.