Сите 10 Формула 1 тимови ги претставија своите болиди за претстојната сезона во лондонската „О2 Арена“, како дел од историскиот настан во чест на 75 години од шампионатот.
Преполната сала со овации ги поздрави сите возачи, но очекувано најгласна поддршка имаше миленикот на домашната публика Луис Хамилтон. Од друга страна, секогаш кога се споменуваше Светската автомобилистичка федерација, следеа свирежи.
Секој од 10. болиди е претставен на различен начин, со светлосни ефекти, и музичка подлога во согласност со историјата на секој тим.
Најголемата промена има кај Ферари, на црвената боја и додаде малку бело на крилата. Ред Бул остана идентичен, Мекларен е сè уште папаја портокалов, а Мерцедес е сребрен.
Астон Мартинn остана верен на својата зелена нијанса, Кик Заубер на својата светкава, а Вилијамс на сината, додека Алпин не се откажува од розово-сината комбинација. Хас е сè уште црно-бел со примеси на црвено, додека најголемата промена всушност е кај тимот на РБ, кој доби малку поголемо брендирање од Ред Бул и наликува на болидот на австрискиот тим од Турското ГП 2011 година.
Спектакуларната презентација ја најави сезоната за која мислењата се дека може да биде една од најинтересни во историјата.
Причина за тоа е фактот што од средината на минатата сезона ривалите се израмнија со Ферстапен и Ред Бул, а на тоа поткрепува и фактот што Мекларен ја освои титулата кај конструкторите.
Пред почетокот на акцијата, за нешто повеќе од три недели, Ферстапен останува водечки кандидат за титулата, но не толку голем како претходните години. Негови главни конкуренти се секако возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, додека Луис Хамилтон и Шарл Леклер од Ферари исто така гледаат на нивната шанса, како и Џорџ Расел во Мерцедес. За останатите останува да видиме дали заслужуваат да бидат во тоа друштво.
Најдобрите возачи на денешницата следната недела ќе бидат во Бахреин на претсезонски тестирања, а новата сезона започнува со Големата награда на Австралија на 16 март.
Текстот Сезоната во Формула 1 се отвора со апсолутен спектакл е превземен од МАКФАКС.