Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен излезе со официјално соопштение во кое го осуди однесувањето на сопствените навивачи. Ултрасите на ПСЖ, вчера го изразија незадоволството од однесувањето на Лионел Меси. Го нарекоа Аргентинецот „кучкин син“.
„Пари Сен Жермен силно ги осудува неприфатливите и навредливи дејствија на мала група поединци. Ништо не може да ги оправда таквите постапки. Клубот им дава целосна поддршка на своите играчи и управата и на сите оние кои се погодени од ова срамно однесување“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, aргентинецот реши да отпатува во Саудиска Арабија за да го исполни договорот со саудиската туристичка агенција откако двапати го одложуваше, откри „Марка“.
Според извори од парискиот клуб, 35. годишниот фудбалер „еднострано“ одлучил во понеделникот да не присуствува на тренингот по неделниот пораз од Лориен со 3:1. Тој реши да оди на „промотивни обврски“ на илјадници километри од Париз.
Тој веќе бил во авионот за Саудиска Арабија кога го упатил барањето до клубот, кој неочекувано ја сменил својата одлука и закажал тренинг за понеделник наутро. Логично, Меси не се појави. Клубот реагираше со суспензија. Аргентинецот е суспендиран на две недели и нема да може да тренира со тимот тим во следните 14 дена, во кои ќе пропушти два првенствени натпревари./Makfax/